Euroins во Романија под лупа на супервизори

199

Романската управа за финансиски надзор го санкционираше Euroins Романија со казна од 100.000 евра. Казната е резултат на кршење на одредби од законот за осигурување од авто-одговорност во делот на процедури за решавање на побарувања на отштета. Утврдени се недостатоци во механизмите за внатрешна контрола на компанијата и неправилности со воспоставувањето на техничките резерви.

Фондот за гаранција на осигурување ја принудува компанијата да преземе сет акции од оперативна гледна точка кои ќе треба да доведат до санација на состојбата. Овие мерки мораат да се имплементираат во максимален рок од шест месеци.

Дополнително, Фондот за гаранција на осигурување е назначен за привремен администратор, сè до назначување на новиот Надзорен одбор на компанијата. Фондот одблиску ќе ги надгледува тековните процедури и операции коишто ги спроведува компанијата во текот на периодот на реорганизација.

“Фондот за гаранција на осигурување нагласува дека Euroins ги исполнува разумните индикатори, како во однос на минималните побарувања за капитал, така и во однос на побарувањата за капитал за солвентност, како и фактот дека компанијата не е под специјална администрација, како што погрешно се тврди“, информираат од Euroins Романија.

На крајот на 2019 година, Euroins Романија пријави пораст на продажбата од 27%, со вкупна бруто полисирана премија од 267 милиони евра.

Фото: Euroins Romania Asigurare Reasigurare s.a