Еуролинк осигурување одбележува 19 години работа на македонскиот осигурителен пазар

58

Еуролинк осигурување започнува со работа кон крајот на 2002 година и од самите почетоци до денес постигнува континуиран и стабилен раст. Од првите издадени полиси за осигурување од незгода, имот и менаџерско осигурување во текот на 19 години работа Еуролинк ја стекна довербата на повеќе од 600.000 клиенти и над 200 искусни и посветени вработени.

Еуролинк ја започнува 2021 година на првата пазарна позиција и заклучно со третиот квартал компанијата бележи раст од 21% во споредба со истиот период претходната година, во услови кога растот на пазарот се движи околу 18%.

Веќе во декември годинава достигнува рекорден износ на бруто полисирана премија кој надминува 1 милијарда денари, со што компанијата ги достигнува и надминуваме резултатите од предкризната 2019 години. Еуролинк е формирана со капитал од 3,2 милиони евра, а денес капиталот на компанијата достигнува 9,5 милиони евра, што дополнително говори за нејзината стабилност.

„Основа на нашата стратегија е да овозможиме најдобра услуга за клиентите преку одговорно работење, достапност и партнерски однос. Тоа подразбира добро поставени процеси, одговорна ценовна политика, одлично едуциран и обучен кадар и флексибилни начини на комуникација со нашите клиенти, за да бидеме достапни за клиентите во време, место и на начин кој најмногу им одговара. Исто така, од 2020 годинa зад Еуролинк стои моќната осигурителна групација ГРАВЕ со речиси 200 години искуство во областа на осигурувањето, што ни овозможува уште поголема стабилност и поддршка во работењето за добро на нашите клиенти и вработени“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

На пазарот за неживотно осигурување се забележува активна конкуренција и приближување во пазарните удели во повеќе класи, но Еуролинк осигурување продолжува да биде избор број еден за осигурениците, особено во класите на приватно здравствено осигурување, општа одговорност и осигурување на имот.

За годината што следи, Еуролинк најавува нови активности насочени кон развивање на пазарот за осигурување, унапредување на услугите за клиентите и уште повисок степен на дигитализација што ќе го забрза процесот на исплаќање штети и дополнително ќе го олесни процесот на купување полиси.