Еуролинк осигурување распишува конкурс за доделување на стипендии

39

 

Еуролинк осигурување во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност, по петти пат распишува конкурс за доделување 35 стипендии за студентите на Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје. Како што се наведува во соопштението од компанијата, 25 стипендии се наменети за студентите на додипломски студии (прв циклус) во поединечна вредност од 40.000 денари и 10 стипендии се за студенти на последипломски студии (втор циклус) во поединечна вредност од 60.000 денари.

Право на аплицирање за добивање на Еуролинк стипендијата имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус студии на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2017/2018 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2018/2019 година.

Повеќе детали за условите и начинот на аплицирање ке најдете на следниов линк.

Стипендиите се наменети за покривање на трошоците за кофинансирање на студиите, како и за дополнителен мотив за студентите успешно да ги завршат своите студии.

Инаку, доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет Јустинијан Први е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата Еуролинк – вaшата врска со вистинските вредности, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Фото: Facebook