Непосредната приватна продажба на акции на Euromax Resources на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е целосно завршена. Со реализацијата на овој договор ЕБОР стекна удел во Еuromax resources, која работи на реализација на проектот за развој на рудникот за бакар и злато во Иловица, стои во соопштението на компанијата.
Како резултат на приватната продажба, ЕБОР има 19,99% од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Euromax resources. ЕБОР се обврза да не постапува со хартиите од вредност со повластување доколку таквата активност би резултирала со тоа банката да поседува повеќе од 20% минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото.
Согласно непосредната приватна продажба на акции објавена претходно на 9-ти декември 2014 година, на ЕБОР ѝ беа издадени вкупно 23.368.547 обични акции од Euromax resources по цена од 0,25 канадски долари по акција за вкупна цена од 5.842.000 канадски долари. Дополнително, ЕБОР се стекна со 5.915.000 хартии од вредност со повластување по единечна цена по видување од 0,40 канадски долари со рок на доспевање од пет години.
Euromax resources дополнително им издаде вкупно 8.126.850 обични акции по цена од 0,25 канадски долари по акција за вкупна цена од 2,032 милиони канадски долари на други инвеститори. Инвеститорите, кои сите се постојни акционери на Euromax resources, исто така, добија вкупно 2.031.713 хартии од вредност со повластување по единечна цена по видување од 0,40 канадски долари по акција со рок на доспевање од пет години.
ЕБОР стекнува хартии од вредност со приватна продажба заради инвестициски цели. Во зависност од условите на пазарот и други фактори, ЕБОР може одвреме навреме да купи уште или да се ослободи од хартиите од вредност на компанијата или да ја задржи сегашната позиција.