„Еуронекст“ поднесе понуда за преземање на сите акции на Атинската берза

Паневропската берзанска група „Еуронекст“ денес објави дека започнала доброволна понуда за размена на акции за стекнување на сите обични акции на Атинската берза (АТХЕКС).

Сопствениците на акциите на Атинската берза почнувајќи од денес до 17 ноември сега можат да ги заменат за акции на „Еуронекст“, според претходно утврдениот сооднос од 20 акции на „АТХЕКС“ за една акција на „Еуронекст“, се вели во соопштението.

Според соопштението, интеграцијата на Атинската берза во „Еуронекст“ ќе им овозможи на учесниците на грчкиот финансиски пазар да се приклучат на мрежа од повеќе од 1.800 котирани компании со комбинирана пазарна капитализација што надминува шест трилиони евра.

Фото: Pixabay