Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар, останатите горива со непроменета цена

24

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги одреди најновите цени на горивата. Од ноќеска на полноќ цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,16%.

Според одлуката на регулаторите малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. и со тоа во следните две недели ќе изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,00 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 62,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг и со тоа ќе изнесува 33,651 ден/кг.

Фото: Pixabay