Ever Given успешно помина низ Суецкиот канал

114

Огромниот контејнерски брод Ever Given, кој го блокираше Суецкиот канал во март, нарушувајќи ја глобалната трговија, повторно помина низ каналот, без никакви проблеми.

По истоварувањето на стоката во европските пристаништа, бродот Еver Given беше на пат кон Кина во конвој бродови што пловеа од Средоземното Море до Црвеното Море, објави управата на Суецкиот канал.

По големата шестдневна спасувачка акција, Еver Given беше деблокиран, а потоа запленет три месеци во близина на каналот Исмаилија, се додека Египет и сопственикот на Еver Given не постигнаа договор за обештетување.

Условите на договорот не беа обелоденети, но Египет на крајот реши и доби 550 милиони долари отштета. По блокадата, Еver Given испорача 18.300 контејнери во Ротердам и Хамбург, а сега патува за Кина.