Евергранд го пропушти рокот за плаќање камата

53

Инвеститорите останаа без објаснување откако групацијата Евергранд, кинески гигант за недвижности, го пропушти крајниот рок за плаќање камата во износ од 83,5 милиони долари. Кинеската компанија се уште не ја објави исплатата што требаше да се реализира во четвртокот.

Претходно оваа недела, групацијата Евергранд објави дека постигнала договор за друга камата од 35,9 милиони долари, пренесува Би -Би -Си. Глобалните пазари ги зафати загриженост за способноста на компанијата да плати долг над 300 милијарди долари.

Акциите на Евергранд во петокот паднаа на берзата во Хонг Конг за околу 10 проценти, откако пораснаа претходниот ден за повеќе од 17 проценти. Во меѓувреме, кинеските власти ги предупредија локалните власти да се подготват за потенцијалниот неуспех на Евергранд.

Овој потег на кинеските власти беше опишан како „подготовка за можна бура“, пренесе WSJ, кој се повикува на официјални претставници запознаени со дискусиите, а некои инвеститори го протолкуваа како дополнителен знак дека кинеската влада нема намера да го спаси заспнатиот џин.

Кинеската влада не даде официјални најави за решавање на овој случај, а државните медиуми не дадоа многу индикации за плановите на Пекинг во врска со должничката криза. Компанијата треба да изврши голем број други камати за обврзници во наредните недели.

Индустријата за недвижности е главната компонента на кинеската економија со околу 29 проценти од БДП, така што неликвидноста на Евергранд е ризик за целата економија. Странските инвеститори држат 20 од гореспоменатите 300 милијарди долгови. Некои аналитичари предупредија дека неуспехот на толку голем и задолжен инвеститор може да има големо влијание врз кинеската економија и потенцијално врз глобалниот финансиски систем.