Евергранде избегна банкрот

75

Евергранде изврши клучна уплата на камата за обврзница деноминирана во долари, само еден ден пред истекот на грејс периодот за подмирување на таа обврска.

Тоа му овозможува на кинескиот градител барем засега да избегне банкрот, јавуваат кинеските државни медиуми.

Државниот финансиски дневен весник Секјурити тајмс објави дека овој конгломерат за недвижнини платил 83,5 милиони долари камата на обврзница деноминирана во долари.

Tриесет дневниот грејс период за таа исплата ќе истече во сабота на 23 октомври, а Ројтерс наведува, повикувајќи се на неименуван извор кој бил директно информиран за настанот, дека Евергранде ги уплатил средствата на сметката на Ситибанк во четвртокот и дека сопствениците на обврзниците треба да ги добијат средствата пред истекот на грејс периодот, пишува Танјуг.

Евергранде не одговори веднаш на барањето за коментар. Оваа вест донесе одредено олеснување за инвеститорите и аналитичарите кои оваа недела постојано предупредуваа дека компанијата, која сè уште е на работ на колапс, ќе западне во својот прв формален банкрот.