Everybot RS700 – автоматски чистач

46

p

Фото: Kickstarter

Everybot е автоматски чистач што може самостојно да го исчисти домот. Тој има вградено различни сензори преку коишто детектира пречки на патот како мебел, нерамнини, скалила и слично.

Чистачот се контролира и преку далечински управувач, па корисникот може да го насочи на одредено место ако е потребно дополнително чистење.

Everybot чисти секаква нечистотија на подот, од прашина до тврди лепливи дамки. Самостојно го менува начинот на чистење според нечистотијата, односно бира различен вид на бришач, а може да чисти и со вода. Бришачите се перат во машина или рачно.

Everybot умее да се пикне под мебелот за да исчисти и знае да се врати на место кога ќе заврши со чистењето.

Производот има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter и досега има собрано над 36.000 долари од првично побараните 10.000 долари.