ЕВН Македонија го презеде управувањето со малите хидроцентрали

105

Hidroelektrana1Почнувајќи од денес ЕВН Македонија ќе управува со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол.

ЕВН и Хидропол во текот на изминатите 11 години ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци.

Освен овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои исто така се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни.

Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 MW, што претставува зголемување за 10%, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 GWh електрична енергија.