Изгледот на супер спортските автомобили низ историјата се менувал и унапредувал согласно придобивките и сознанијата од модерната ера, но интерпретацијата на сите тие знаења секогаш била различна.
Дизајнот на Ферари од појавувањето по Втората светска војна до денес се сметал за авангарден и предвесник на она што потоа било прифаќано од многумина. Оние кои се вљубеници во италијанскиот бренд сметаат дека Ферари беше светлосни години пред сите други и го нудеше изгледот на иднината.
Како започна приказната Ферари?
Кога Енцо Ферари ја формираше Скудериа Ферари, немаше намера да произведува патнички автомобили. Но, во 1928 година беше спонзор за возачи аматери кои што имаа седиште во Модерна.
Ферари беше подготвен и успешно се тркаше со различни возачи на автомобили на Алфа Ромео сè до 1938 година. Тогаш тие беа најмени од Алфа Ромео да го раководат нивниот оддел за трки. Во 1941 година, Алфа Ромео беше конфискувана од страна на фашистичката влада на Бенито Мусолини. Тоа беше потег како дел од воените напори на силите на оската. Делот на Енцо Ферари беше доволно мал за да не биде погоден од оваа ситуација поради тоа што со договорот му беше забрането четири година да учествува на трки. Тогаш, Скудерија за многу кратко стана Ауто Авио Коструциони Ферари, којашто произведуваше алати за машини и додатоци за авиони.
Исто така, позната како СЕФАЦ (Скудериа Енцо Ферари Ауто Корсе), Ферари навистина произведе тркачки автомобил, Типо 815, во неконкутрентен период. Тоа беше првиот вистински Ферари автомобил, којшто за прв пат се појави во 1940 година во Миле Миглие, но за време на Втората светска војна немаше голема конкуренција. Во 1943 година фабриката на Ферари се пресели во Маранело, каде што и остана. Фабриката беше бомбардирана од страна на Сојузниците во 1944 година, откако заврши војната во 1946 година беше повторно изградена, вклучувајќи ја и работата за производство на патнички автомобили. Сè до смртта на главниот, ова ќе остане како поголем извор за финансирање на наговите тркачки операции.
Првиот Ферари патнички автомобил беше 125 Ѕ, придрвижуван од 1.5 L V 12 мотор. Енцо Ферари неколебливо го создаде и продаде својот автомобил за да го финансира Скудериа Ферари. Тоа бараше огромни финансиски средства.
Променливиот успех на тркачките патеки кон средината на 60-тите години од минатиот век, но секогаш при врвот во конкуренција. И тоа конкуренција во името на германски Порше, неколку британски автомото компании (БРМ, Јагуар, Лотус), американски Форд и Шевролет. Но и со присуство на Рено Алпина, Алфа Ромео и Масерати. Тоа беше предизвик плус за Енцо Ферари. Тој во почетокот на 1969 година продаде 50% од својата компанија на Фиат, со што се здоби со средства за да се финансира изработката на нови прототипови за трките на издржливост.
Во 1988 година Енцо Ферари го надгледуваше лансирањето на Ферари Ф 40. Тоа беше последното ново Ферари кои што беше лансирано пред неговата смрт подоцна таа година. И тоа е веројатно и еден од најпознатите супер автомобили некогаш направен. Од 2002 до 2004 година, Ферари го претстави својот најбрз автомобил за тоа време, во чест на основачот на компанијата.
Рекорд постигнат на аукција: Купено Ферари за неверојатни 12 милиони долари
Тој првично беше понуден на лојални потрошувачи, секој од 399 направени (минус четиристотиот кој што беше дониран на Ватикан за добротворни цели) имаше цена од 650.000 долари. На 17 мај 2009 година во Маринело, Италија, 1957 250 Теста Роса (ТР) беше даден на аукција. И тоа од страна на РМ Аукција и Сотби за сума од 12,1 милион долари. Со тоа се постави нов светски рекорд во тоа време за најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција. Тој рекорд сега е срушен од страна на Бугати Атлантик којшто беше продаден за повеке од 28 милиони долари.
Следното видео нуди целосен увид во еволуцијата на дизајнот: од почетоците на Ферари до денес.