Евробирократите бараат пократка работна недела и повеќе работа од дома

Вработените во Европската комисија (ЕК) веруваат дека нивното работно време би требало да биде помалку од 40 часа седмично, да имаат право на најмалку 30 дена работа од дома годишно, како и да им бидат обезбедени услови за заштита од исцрпеност од работните задолженија.
Овие барања евробирократите ги презентирале во интерна истрага на ЕК меѓу нејзиниот персонал, како дел од плановите за реорганизација на административната служба на ЕУ.

Според извори во ЕК, најзастапено прашање во анкетата, во која беа вклучени сите вработени во извршниот орган на ЕУ, било дали е во план намалување на работното време на под 40 часа седмично.

Дополнително било предложено тековните дозволени 10 дена годишно за работа од дома да се зголемат на најмалку 30.

Вработените побарале и мерки за заштита од исцрпеност од работа, тврдејќи дека “во некои служби персоналот е трајно преоптоварен”, дека се соочуваат “со екстремно работно оптоварување”, како и дека треба “да престане менталитет да се бара повеќе со помалку персонал”.

Некои од вработените се пожалиле и дека имаат чувство оти не се доволно ценети за работата што ја извршуваат.
“Никогаш не ни е покажавте дека со нашата секојдневна работа сме најголемиот капитал на Комисијата, постојано не затрупувате со информации, не ни се верува и повеќето луѓе се целосно истрошени и емоционално и интелектуално”, наведува службеничка на ЕК.

На ваквите забелешки еден од надлежните лица во Службата за човечки ресурси на ЕК, Стивен Квест изјавил дека Комисијата “исклучително сериозно” ја сфаќа благосостојбата на својот персонал. Врз основа на оваа анкета, според него, не е исклучено дека бидат изменети некои постоечки одлуки и правила.

Меѓутоа, ваквиот оптимизам не го дели еврокомесарот за буџет и јавна администрација Пјотр Серафин, посочувајќи дека во околности кога земјите членки на ЕУ не се подготвени да финансираат поголема европска администрација, ЕК ќе мора и во иднина да продолжи да работи според моделот “нови задачи, без нови ресурси”.

Според него, колку повеќе ЕК и нејзините службеници ќе можат да покажат дека умеат како да се прилагодат на новите приоритети на ЕУ, толку ќе бидат и поубедливи во преговорите за обезбедување дополнителни средства за администрацијата.

Со планот за следната буџетска рамка на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, Серафин побарал обезбедување средства за ангажирање на 2,500 дополнителни државни службеници, но, според дипломатски извори, ваквиот предлог бил “речиси едногласно” одбиен од страна на земјите членки.

Конечните препораки за реструктуирање на административната служба на ЕУ, Серафин треба да ги достави до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен до крајот на 2026 година.