Францускиот претседател, Емануел Макрон објави амбициозен план Европа до 2030 година да создаде 10 технолошки гигант вредни 100 милијарди евра, во обид да се избори со американските компании што доминираат во тој сектор.
Целта е дел од европската иницијатива што Франција се обидува да ја подобри кога станува збор за финансирање на нови компании особено во доцна фаза од раст, за да привлече помоќни инвеститори и врвен кадар.
Макрон уште од почетокот на својот мандат во 2017 година се обидува од Франција да направи старт – ап држава, правејќи ја земјата привлечна за странски инвеститори преку реформи на законот за работа.
Напорите на Франција да создаде компании чија вредност е најмалку милијарда долари и понатаму е во сенка на компаниите од САД.
Макрон рекол дека очекува Франција да има 25 компании чија вредност е најмалку милијарда долари до 2025 година.
Фото: Pexels