
Европската унија има јасни, самонаметнати правила за ограничувањата на буџетскиот дефицит и стапките на јавно задолжување, но 17 од 27 земји-членки ги прекршиле, соопшти Евростат во вторник.
Имено, во 2024 година, 12 земји го пробија ограничувањето за буџетски дефицит од три проценти од бруто домашниот производ, а највисока беше Романија, со 9,3 проценти. Следат Полска и Франција, со 6,5 и 5,8 проценти.
Минатата година, само шест членки на ЕУ имаа буџетски суфицит, односно собраа повеќе пари отколку што потрошија: Луксембург, Грција, Кипар, Данска, Ирска и Португалија.
Границата на јавен долг од 60 проценти од БДП ја прекршија и 12 земји-членки. Грција има најголем долг во однос на сопствената економска моќ, со 154,2 проценти, Италија со 134,9 и Франција со 113,2 проценти.
Лимитот за јавен долг го проби и Германија, чиј јавен долг достигна 62,2 проценти од БДП минатата година.
Најниска стапка на долг во однос на БДП имаше Естонија, со 23,5 проценти, по што следуваат Бугарија и Луксембург, со 23,8 и 26,3 проценти.
Седум земји од ЕУ – Белгија, Шпанија, Франција, Италија, Унгарија, Австрија и Финска – го пробија лимитот и на буџетскиот дефицит и на јавниот долг.











