Европа го зголеми нивото на потрошувачка на енергија што доаѓа од обновливи извори на 41,2 отсто

30

Европската унија го зголеми нивото на потрошувачка на енергија што доаѓа од обновливи извори на 41,2 отсто од бруто потрошувачката, што е за 3,4 отсто повеќе од 2021 година, објави Евростат на својата веб-страница.

Учеството на нуклеарната енергија во производството на електрична енергија во ЕУ во 2022 година беше помало од 22%, учеството на гасот помало од 20%, а учеството на енергијата од јаглен помалку од 17%.

Најмногу енергија од обновливи извори произвеле ветерните електрани 37,5% и хидроцентралите 29,9%.

Преостанатата една третина од електричната енергија доаѓа од сончевата енергија со учество од 18,2%, цврстите биогорива 6,9% и другите обновливи извори 7,5%.