Европа и Кина се најзагрозени: Се заканува масовно затворање на рафинерии

22

Повеќе од една петтина од глобалниот капацитет за рафинирање нафта е во ризик од затворање, се вели во извештајот на енергетската консултантска компанија Вуд Мекензи со седиште во Единбург.

Вуд Мекензи анализираше 465 капацитети за рафинирање нафта и изјави дека 21 процент од нив се изложени на ризик од затворање во 2023 година, пренесува Ројтерс.

Маржите на бензинот се помали, а светскиот притисок се зголемува за намалување на емисиите на јаглерод, се вели во извештајот.

Најголем број локации на кои им се заканува затворање се во Европа и Кина, што доведува до ризик околу 3,9 милиони барели дневно (bpd) капацитет за рафинирање нафта.

Околу 30 европски рафинерии веќе се затворени од 2009 година, покажуваат податоците од Conwave, а речиси 90 сè уште работат.

Оваа серија затворања беше предизвикана од конкуренцијата од поновите и посложени погони на Блискиот Исток и Азија, како и од влијанието на пандемијата на коронавирус.