Европа ја чека голема промена – крајниот рок е 2030 година

80

Сите европски централи на јаглен мора да се затворат пред 2030 година со цел да се исполнат целите на Парискиот договор.

За само пет години од историскиот париски договор за климата, половина од 324 централи во Европа со јаглен или се веќе затворени или ветиле дека ќе бидат затворени до 2030 година. Оваа значајна пресвртна точка беше постигната во понеделникот, кога британската енергетска компанија ЕДФ објави затворање на термоелектраната West Burton до 2022 година.

Сите европски централи на јаглен мора да се затворат пред 2030 година за да ги исполнат целите на Парискиот договор.

Императив е земјите од Западен Балкан да усвојат одржлив пристап кон енергетската иднина што е можно поскоро и да обезбедат безбедна транзиција кон обновливи и чисти извори на енергија.

Досега, Северна Македонија е единствената земја на Западен Балкан што планира постепено да го искорени јагленот до 2030 година. 

Северна Македонија постепено ќе го менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори. За енергетската транзиција неопходни се инвестиции од 800 до 900 милиони евра на годишно ниво до 2040 година. Предизвиците во однос на климатските промени престојат пред земјата, која се надева дека со помош на зеленото сценарио ќе овозможи позелена и поодржлива иднина кон можностите за искористување на хидро, соларната и енергијата на ветерот, Надежите се дека со инвестициите во обновливите извори на енергија до 2030 година ќе се отворат многу поголем број на работни места во земјата.

Фото: Pixabay