Европа лани вложила 27 милијарди евра во ветерни фарми

43

Минатата година Европа вложила 27 милијарди евра во нови ветерни фарми со коишто биле финансирани рекордни количнини на нови капацитети за производство на енергија од ветрот.

Според годишниот извештај на WindEurope, вложениот износ е сличен на претходните години, но благодарение на намалувањето на трошоците, се финансирале рекордни 16,7 гигаватти (GW) во нови капацитети.

Најголемиот дел од идните нови капацитети коишто биле најавени минатата година се однесувале на ветерни фарми на копно, 12,5 GW.

Велика Британија била најголем инвеститор, најмногу во “офшор“ ветерници, а веднаш зад неа била Шведска.

Дополнитени 24,1 милијарди евра биле вложени во аквизиција на ветерни електрани, вклучувајќи и проекти во развој и компании вклучени во оваа индустрија, што е многу повеќе од претходните години.

Фото:Pixabay