Европа може да изгуби 100 милијарди евра поради бавната вакцинација

18

Европската унија може да изгуби и до 100 милијарди евра поради загриженоста на инвеститорите за “бавното темпо“ на кампањите за вакцинација, јави Bloomberg.

Како што забележува агенцијата, борбата против коронавирусот во Европа е побавна отколку што се очекуваше, што пак го забавува закрепнувањето на економијата, а со тоа и закрепнувањето на бизнисот.

Освен тоа, инвеститорите се загрижени и поради зголеменото ширеше на Ковид-19 во ЕУ, бидејќи тоа може да ги поткопа нивните стратегии, додаде агенцијата, повикувајќи се на изјави на претставници на BlackRock Investment и Bank of America.

“Европа мора да го забрза темпото на вакцинација ако сака да го победи вирусот. Во исто време (процесот на вакцинација) е отежнат од бирократијата и спротивставените изјави на властите“, го цитира агенцијата Симу Шах, генералниот директор фондот за глобални инвеститори.

Фото: Pixabay