Европа останува без челик?

124

Европските производители на челик работат со полн капацитет за да држат чекор со силниот раст на побарувачката, по повеќегодишниот период на прекумерно снабдување, предупреди директорот на одделот за челик во германски Thyssenkrupp.

“Производството во Европа тешко држи чекор со побарувачката“, рекол Бернхард Осбург од германскиот производител на челик.

Европските производители го зголемиле производството, но тоа не било доволно и многу потрошувачи во индустријата се жалеле на недостиг од репроматеријали.

Светскиот пазар на челик беше презаситен во последните години, но тој период сега заврши, предупредува германскиот производител. Кина многу брзо воспостави контрола на ширење на пандемијата и бележи “исклучително висока побарувачка за челик“.

Она што ќе остане од челикот заминува на пазарот во САД, каде што цените се повисоки одошто во Европа.

На Стариот континент во овој момент му недостасуваат 20 милиони тони челик, што одговара на околу 20% од просечната годишна побарувачка.

Фото: Pexels