Европа останува без уште еден популарен мал автомобил

218

Европскиот Б-сегмент губи некои од своите најдолговечни модели. Ford Fiesta е згасната, а Volkswagen Polo, исто така, се соочува со неизвесна иднина.

Излегува дека и Kia Rio ќе биде укината, дознава Autocar. Изданието наведува дека јужнокорејскиот градски модел ќе ги напушти европските и британските пазари подоцна оваа година, а тесно поврзаниот Kia Stonic (барем некое време) ќе служи како негова директна замена во салоните.

Rio е сè уште достапен во одредени европски земји, вклучително и Обединетото Кралство, иако не можете да се бара опрема по желба на клиентот бидејќи се продава само од залихи на дилерите, пренесува Б92.

Во 2022 година, Kia испорача 32.506 модели на Rio во Европа, што е за 9 проценти помалку од претходната година.

Промената во трендовите на клиентите, што доведе до поголема побарувачка за кросовери, го принуди и корејскиот производител да донесе одлука да го прекине Rio во Европа.

Фото: Kia promo