Европа сè уште зависи од рускиот гас

Европа е сè уште зависна од рускиот гас, објави европскиот комесар за енергетика, Ден Јоргенсен.

„Јасно е дека сè уште сме зависни од рускиот гас. Ова не е прифатливо од политички, морални и безбедносни причини“, рече Јоргенсен, според Мина.

Еврокомесарот најави дека наскоро ќе презентира план за повлекување на Европа од рускиот гас.

Јоргенсен истакна дека Европа зависи и од САД кога станува збор за испораките на течен природен гас.

Тој рече дека е убеден дека „постојат можности за поголем увоз на гас од САД“.

Во мај 2022 година, Европската Унија започна програма за ставање крај на зависноста на ЕУ од рускиот гас до 2027 година.