Европа сè уште зависи од руските суровини

Испораките преку трети земји ја кријат зависноста на Европа од руските суровини, наведува Фајненшл тајмс. Британскиот весник ова тврдење го илустрира со примерот на швајцарскиот гигант во трговијата со суровини, компанијата Гленкор, која во јули испорача илјадници тони руски бакар преку Турција во Италија, пренесува ЕКапија.

Според царинските документи и фотографии, Гленкор купил најмалку 5.000 тони бакар произведен од руската рударска и металуршка компанија „Урал“, а суровината била извезена од Турција во италијанското пристаниште Ливорно во јули.

– Ваквите ја нагласуваат зависноста на Европа од Русија, како и се поголемата улога на Турција како центар за претовар на стоки – се нагласува во написот.

Трговијата со Русија преку трети земји, како Турција, Обединетите Арапски Емирати или Кина, ја намалува ефикасноста на западните санкции против Москва, заклучува британскиот весник.