Европа старее

36

Во текот на минатата година, 20,3% од популацијата во Европската унија е на возраст од над 65 години, што е за 0,3 процентни поени повеќе од 2018 година и 2,9 процентни поени повеќе во однос на периодот пред 10 години, покажуваат податоците на Eurostat.

Меѓу земјите членки, највисока стапка на постари лица во рамки на популацијата во 2019 година има во Италија (22,8%), по што следуваат: Грција (22%), Португалија и Финска (по 21,8%), Германија (21,5%) и Бугарија (21,3%). Од друга страна, најниска е стапката во Ирска (14,1%) и Луксембург (14,4%).

Според податоците на Eurostat, во нашата земја, којашто брои 2.076.953 жители, од нив 108.010 се на возраст од 65 до 69 години, 76.843 се од 70 до 74 години, додека 107.068 жители се над 75 години. Од вкупната популација во нашата земја, 14% се лица постари од 65 години.

Фото: Pixabay