Кинеските авто-гиганти сфатија: Нема успех во Европа без европски фабрики

MG планира да изгради европска фабрика во Шпанија за производство на електрични возила, пишува Bloomberg. Овој потег ќе му овозможи на кинескиот производител на автомобили да ја намали својата изложеност на царините на ЕУ.

Клучните детали, вклучувајќи ја големината на инвестицијата, производствениот капацитет и времето, сè уште се утврдуваат и би можеле да се променат, според извори запознаени со ова прашање. Одлуката за фабрика во Шпанија би ја исклучила Унгарија, која се разгледуваше како алтернативна локација. Унгарија привлече значителни инвестиции во електрични возила и батерии во последните години, вклучително и фабриката на BYD.

Сериозните кинески производители сфатија дека нема развој на продажбата во Европа, ако таму немаат фабрики…