Европа светски лидер во производство на вакцини кон крајот на 2021 година

92

До крајот на годината Европа треба да стане светски лидер во производство на вакцини против коронавирус со 52 фабрики на континентот, изјави денеска комесарот за внатрешен пазар на Европската Унија, Тиери Бретон, во Шпанија.

Бретон исто така рече дека Европа треба да има доволен број вакцинирани лица во текот на летото, веројатно до средината на јули, со цел да се постигне нивото на глобален имунитет, пренесува Ројтерс.

До крајот на годината Европа треба да има капацитет да произведе помеѓу две и три милијарди дози, рече комесарот во фабриката на фармацевтската компанија Reig Jofre во Барселона, која од вториот квартал ќе започне со производство на вакцина против коронавирус на компанијата Johnson & Johnson’s.

Фото: Facebook