Европа увезува сè повеќе руски гас иако најавува негово целосно укинување

Европскиот увоз на руски течен природен гас е зголемен од почетокот на годината, и покрај ветувањето на Брисел дека постепено ќе го укине до крајот на 2027 година, објави  германската еколошка организација „Ургевалд“, а пренесоа и француските медиуми.
Невладината организација, која се потпираше на податоци од фирмата за поморски анализи „Кплер“, регистрираше 91 пратка што пристигнаа во Европа од рускиот терминал Јамал помеѓу јануари и април.

Европскиот увоз на руски течен природен гас со тоа се зголеми за 17,2 проценти во споредба со истиот период во 2025 година, зголемувајќи се од 5,71 милиони тони на 6,69 милиони тони.

Европската унија планира целосно да ги прекине испораките на руски гас до есента 2027 година, со цел да ја лиши Москва од извор на приход што ја финансира војната во Украина.