Европејците потрошиле над илјада милијарди евра на транспорт

56

Домаќинствата на Европската унија, во 2018 година, потрошиле 1,1 илјадa милијарди евра на трошоци за транспорт. Тоа претставува 7,2% од вредноста на бруто домашниот производ на ЕУ или по 2.200 евра по жител во Унијата.

Трошоците на транспорт се втората најголема ставка во вкупните расходи на домаќинствата во ЕУ, по сместувањето (24% од вкупните расходи за потрошувачка), додека на трето место се храна и безалкохолни пијалаци со 12,1%.

Во ЕУ во 2018 година, уделот на транспортните трошоци на домаќинствата беше највисок во Словенија (16,9%). Потоа следуваат Литванија и Луксембург (по 15,8%), Кипар (14,7%), Франција (14,1%), Германија (13,8%), Унгарија и Велика Британија (по 13,7%).

Од друга страна, најмал удел во вкупните трошоци за транспорт имаат домаќинствата во Словачка (6,6%), а по нејзе: Хрватска (9,7%), Чешка (10,4%), Романија (11,2%), Белгија (11,4%), Естонија и Малта (по 11,6%), Латвија (11,8%) и Финска (11,9%).

Фото: Pexels