Европол: Се повеќе фалсификувани лекови и храна

34

lekoviЕкономската криза во Европа го сврте подземјето кон нови облици на илегални актовности, од фалсификување храна и лекови до забранета трговија со отпад и кражби на енергетскиот пазар, објави Европол.

Економскиот криминал, во кој се вклучени измами и корупција, европските влади, компании и индивидуалци ги чинат милијарди евра во изгубени даноци и приходи, а воедно го отежнуваат опоравувањето на економијата.

Во извештајот стои дека во Европската унија се активни околу 3.600 групи на организиран криминал, а делуваат главно во традиционалните подрачја, како меѓународен шверц на дрога, сајбер криминал, трговија со луѓе и перење пари.

“Како одговор на намалена потрошувачка моќ, фалсификаторите го проширија опсегот на нивните производи. Во дополнение на традиционалните фалсификувани луксузни производи, организираните криминални групи сега секојдневно фалсификуваат стока за широка потрошувачка, како што се детергенти, прехранбени производи, козметички производи и лекови”, објави Европол.

Организираниот криминал, криминални групи како мафијата, веќе се вклучени и во проекти на алтернативната енергија, како што се ветерот и сончевата енергија, како и во проекти за управување со отпад и со нив се служат за перење на пари, вели Европол.