
Финансиските инвестиции на домаќинствата во еврозоната се зголемија во вториот квартал од 2026 година за 2,6 проценти на годишно ниво, што е побавно отколку во претходниот квартал кога растот изнесуваше 2,9 проценти, објави Европската централна банка (ЕЦБ).
Во исто време, финансирањето на нефинансиските компании го забрза растот на годишно ниво на 1,7 проценти, од 1,5 проценти во првиот квартал, додека нивниот бруто оперативен суфицит се зголеми за 3,2 проценти, по пад од 0,4 проценти во претходниот квартал.
Бруто расположливиот доход на домаќинствата се зголеми за 3,2 проценти, во споредба со растот од три проценти во првиот квартал, додека потрошувачката на домаќинствата го забрза растот од 3,5 на 4,3 проценти.











