Европска комисија: ЕУ може да се справи со суспензијата на испораките на руски гас

Европската комисија (ЕК) објави дека вчерашното суспендирање на испораките на руски гас за Европа преку Украина е очекувано  и дека ЕУ се подготвила за тоа.

Портпаролот на ЕК рече дека европската гасна инфраструктура е доволно флексибилна за да обезбеди гас од други земји освен Русија до Централна и Источна Европа преку алтернативни рути.

Портпаролот истакна дека Европа е зајакната со значителни нови капацитети за увоз на течен природен гас (LNG) од 2022 година, објави Ројтерс.