Новиот Mercedes CLA денеска премиерно е прикажан на европски саем за автомобили во Женева. Mercedes CLA е најаеродинамичен автомобил во светот меѓу автомобилите од сериско производство, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd=0,22. Бројни помошни системи нудат поддршка за намалување на напорот при возење од страна на возачот. Како стандардни функции се: attention assist – систем кој го предупредува возачот при премореност, радарскиот систем collision prevention assist со adaptive Brake Assist, кој сега му помага на возачот да избегне евентуални судари при брзини поголеми од 7 км/час (претходно беше над 30 км/час).
Можни се две опции на шасија и суспензија: конфорна и спортска. Спортската суспензија значи намалување на конструкцијата на возилото за 20 мм напред и 15 мм позади. CLA е достапен со новата генерација на 4MATIC, постојан погон на сите тркала, со променлива дистрибуција на вртежниот момент на тркалата и обезбедува голема влечна сила и исклучителна агилност и исклучително ниска потрошувачка на гориво.
Една година пред официјално да се воведат Euro 6 стандардите на моторите, сите бензински мотори, како и врвната дизелска верзија во CLA веќе се опремени со Euro 6 мотори. Бензиснкиот мотор со зафатнина од 1.6 литри е во две верзии CLA 180 и CLA 200 со моќност од 122 кс и 156 кс, додека 2.0 литри моторот односно CLA 250 развива 211 кс. Двата дизелски мотори: CLA 200 CDI е со моќност од 136 кс и вртежен момент од 300 Nm и CLA 220 CDI со 170 кс и вртежен момент од 350 Nm и импресивна потрошувачка на отворено од само 4,5 литри на 100 км, како и емисија од само 109 грама CО2 на изминат километар. Сите мотори стандардно се опремени со ECO start/stop.
На саемот во Женева е претставена и новата E-Class, кој за првпат во историјата на Mercedes излегува со мошне храбар дизајн и можност за избор на изгледот на предниот дел во две опции, класичната со издигната ѕвезда на хаубата, како и модерна, спортска, со ѕвезда поставена на предната решетка. На саемот се прикажани и спортските модели како A 45 AMG. Потоа на штандот на Mercedes можеше да се види Mercedes CLS 63 AMG, како и Mercedes-Benz SLS AMG Black Series со 631 кс, потоа Mercedes-Benz C 63 AMG Edition 507 кс, како и Mercedes-Benz E 63 AMG како S модел со 4MATIC, со 585 кс и 800 Nm