Европска Силиконска долина: Данска гради девет вештачки острови

56

Фото: Pixabay

Данска планира да изгради девет вештачки острови јужно од Копенхаген, во обид да привлече инвеститори поради недостиг од станбен и деловен простор, пренесува The Guardian.

“Ние сме фокусирани пред сè на високо технолошки компании, но секогаш има потреба за производство на производи што ги користиме во секојдневниот живот“, вели Расмус Јарлов, министер за индустрија и економија на Данска.

Се очекува изградбата на островите да започне во 2022 година, а ќе се протега на површина од три милиони метри квадратни. Целосната изградба на островите, позиционирани во близина на аеродромот во Копенхаген, би требало да заврши до 2040 година.

Целта е да се привлечат околу 380 компании во овие девет острови.