
Одлуката на земјите од Г7 да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од резервите за вонредни ситуации ќе има позитивно влијание врз цените на нафтата за земјите-членки, процени денес портпаролот на Европската комисија.
И покрај тој потег, ЕУ сè уште се подготвува за „многу тешка зима“ кога станува збор за цените на енергијата, додаде тој, пренесува Ројтерс.
Земјите од Г7 се согласија да ослободат до 100 милиони барели дизел и сурова нафта од стратешките резерви во текот на следните четири месеци за да ги ублажат растечките цени на горивата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на 2 октомври.












