Европска земја ги забрани кратките домашни летови

26

Франција ги забрани домашните летови на кратки релации каде што има алтернативи во форма на железнички транспорт, во обид да ги намали емисиите на јаглерод диоксид.

Законот стапи на сила две години откако парламентот гласаше за укинување на линиите каде истото патување со воз може да се заврши за помалку од два и пол часа, јавува Би-Би-Си.

Забраната не се однесува само на воздушниот сообраќај меѓу Париз и одредени градови, вклучувајќи ги Нант, Лион и Бордо, како и за транзитните летови.

Привремениот шеф на индустриската група А4Е, Лоран Донсил, процени дека „забраната на овие патувања ќе има само минимални ефекти“ врз производството на јаглерод диоксид.

Тој додаде дека владите треба наместо тоа да поддржат „вистински и значајни решенија“. Француската групација за потрошувачи UFC-Q Choissy претходно ги повика пратениците да го задржат ограничувањето од четири часа, наместо да го намалат на два и пол часа.

– Авионот во просек испушта 77 пати повеќе CO2 по патник од возот на овие релации, а возот е и поевтин и изгубеното време е ограничено на 40 минути – се наведува во соопштението.