Европска земја каде работодавците ќе можат да отпуштаат невакцинирани работници

204

Владата во Летонија одлучи вакцинацијата против Ковид-19 да биде задолжителна за вработените во здравството, образованието и социјалните служби.

Исто така, членовите на владата се согласија дека и во други сектори, по први октомври, работодавците можат да отпуштаат работници кои не се вакцинирани. Одлуката ќе стапи на сила откако ќе биде усвоена од парламентот.

Вакцинацијата слабо напредува во Летонија, земја со нешто помалку од два милиони жители, а досега само една третина од населението доби барем една доза. 

Фото: Pixabay