Европска земја ќе тестира четиридневна работна недела

48

Шпанија стана првата земја во светот што тестира четиридневна работна недела на државно ниво. Владата се согласи да започне пилот проект за тестирање на четиридневна работна недела со компании заинтересирани за таков систем на работа.

Иако точните детали за пилот проектот допрва ќе се дискутираат во владата, предложениот проект ќе трае три години и ќе вреди околу 50 милиони евра, што ќе им овозможи на компаниите да го тестираат овој пристап со минимален ризик.

На пример, трошоците на компаниите кои сакаат да учествуваат во проектот може да бидат покриени 100% првата година, 50% втората година и 33% третата година, за полесно прилагодување на четиридневната работа недела. Идејата се соочи со противење во некои области, а еден од лидерите на најголемите деловни здруженија во земјата ја опиша како “лудост“ поради најголемата рецесија во земјата од граѓанската војна.

Поддржувачите на идејата велат дека тоа може да помогне во зголемување на продуктивноста, подобрување на менталното здравје на работниците и борба против климатските промени, а предлогот сега доби ново значење бидејќи пандемијата покренува прашања за благосостојба и рамнотежа меѓу работата и животот.

Фото: Pixabay