Европската централна банка очекува побавен раст на платите во еврозоната во првата половина од 2026 година

Европската централна банка (ЕЦБ) денес објави дека очекува забавување на растот на платите во Еврозоната во првата половина од 2026 година.

Според податоците на банката, просечните плати во Еврозоната договорени преку колективни договори ќе се зголемат за 1,7 проценти на годишно ниво во периодот од јануари до јуни 2026 година, што е побавен раст во споредба со 2,1 процент во втората половина од 2025 година и 4,3 проценти во првата половина од 2025 година.

Европската централна банка наведува дека побавниот раст на платите делумно се должи на еднократните исплати во 2024 година, кои повеќе не се вклучени во пресметката, но и на значителното зголемување на платите во некои сектори во текот на изминатата година.