
Во Еврозоната, во август е забележан стабилен раст на побарувачката на домаќинствата за кредити, која во јули остана на тригодишниот максимум, според извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните трендови објавен денес.
Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната се зголемија во август за 3,1 процент на годишно ниво на 7,26 трилиони евра, што е најбрзо темпо од февруари 2023 година.
Вкупната вредност на кредитите за компаниите (без финансиските корпорации) во Еврозоната порасна за 4,2 проценти во август, со побавно темпо од растот од 4,4 проценти во јули.











