
Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно повторно ќе ги зголеми каматните стапки во септември, по што, според резултатите од анкетата на Ројтерс меѓу економистите објавени денес, би можела да ги задржи на исто ниво барем до средината на 2027 година.
Доколку прогнозите се остварат, тоа би бил најкраткиот циклус на монетарно затегнување од страна на Европската централна банка од 2011 година, забележува британската агенција.
Дури 83 проценти од економистите, или 57 од 69 учесници во анкетата спроведена од 10 до 13 август, очекуваат ЕЦБ да ја зголеми каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 2,5 проценти во септември.











