Европската комисија го истражува AliExpress, поради сомневање за ширење на нелегални производи

19

Европската комисија (ЕК) денеска започна истрага против компанијата AliExpress врз основа на новиот Закон за дигитални услуги, бидејќи се сомнева дека нелегални и штетни производи се шират преку оваа онлајн платформа за купување.

Претставниците на ЕК изјавија за Ројтерс дека се загрижени за системските ризици кои произлегуваат од ширењето на нелегални производи, како што се лажни лекови и сомнителна храна или додатоци во исхраната, преку AliExpress.

Комисијата, исто така, тврди дека сè уште има порнографски материјали на AliExpress и истражува дали малолетниците имале пристап до таква содржина, се наведува на веб-страницата на ЕК.