Почетна Новости Европа Европската комисија го истражува рекламниот бизнис на Google

Европската комисија го истражува рекламниот бизнис на Google

24

Европската комисија започна истрага за да утврди дали услугите за рекламирање преку Интернет на Googleги кршат правилата за конкуренција во Европската унија.

Google е една од водечките светски компании во секторот за рекламирање преку Интернет, а исто така обезбедува и услуги за рекламирање, особено преку услугата Display Network.

“Google собира податоци што потоа се користат за насочено рекламирање, продава рекламен простор и обезбедува рекламни услуги“, објасни потпретседателката на ЕК, Маргарет Вестагер.

Ова значи дека Google е присутен на скоро сите нивоа на синџирот на снабдување со рекламирање преку Интернет. Загрижени сме што конкурентските услуги за рекламирање преку Интернет на Google ја отежнија конкуренцијата во целиот рекламен комплекс, додаде европскиот претставник.

Брисел сака да се спроведе истрага за да се утврди дали американскиот софтверски гигант ги фаворизира сопствените услуги за рекламирање преку Интернет и со тоа ги прекршува европските правила за конкуренција.

ЕК наведува дека само во 2019 година биле издвоени 20 милијарди евра за рекламирање преку Интернет.

Фто: Pixabay