Европската комисија во средата им порача на земјите-членки на ЕУ дека мора да ги проверат инвестициите на нивните компании во чувствителни бизниси надвор од блокот.
Земјите-членки, пишува Ројтерс, се обврзани да ја проценат стратешката важност и ризиците на таквиот бизнис за економската безбедност на Унијата, објави Комисијата.
Ова, меѓу другото, се однесува и на вештачката интелигенција, полупроводниците и квантната технологија.
Понатаму, прегледот на странските инвестиции ќе биде основа за одлучување дали се потребни мерки на ЕУ или на националната влада.
Сето ова треба да спречи чувствителната технологија и знаење да паднат во погрешни раце при инвестирање во бизнис, или подобро кажано, да се спречи загрозување на економската безбедност на ЕУ.
Прегледот ќе ги опфати инвестициите кои се во тек, како и оние кои се завршени, под услов да се отпочнат од почетокот на 2021 година.
Земјите-членки треба да поднесат извештај за напредокот до јули, а целосен извештај за проценката на ризикот од инвестициите на нивните компании во земји надвор од ЕУ до јуни 2026 година.