Европската комисија покрена истрага за продажбата на ОМВ Словенија на унгарската МОЛ

68

Антимонополскиот регулатор на Европската унија во четвртокот отвори сеопфатна истрага за продажба на подружница на австриската енергетска групација ОМВ во Словенија на унгарската нафтена и гасна група МОЛ, поради загриженоста дека договорот може да ја наруши пазарната конкуренција, објави Ројтерс.

Со оглед на тоа што МОЛ и ОМВ Словенија се трети и втор по големина продавач на гориво во Словенија, по Петрол, нивното спојување ќе резултира со тоа што новиот субјект ќе има многу голем удел од локалниот пазар, соопшти Европската комисија.

Европската комисија има 90 дена да ја истражи трансакцијата, а одлуката ќе ја објави до 28 октомври.