Европската комисија постигна договор со Moderna за набавка на вакцини за Ковид -19

73

Европската комисија постигна договор со американската биотехнолошка компанија Moderna за набавка на нејзината вакцина против Ковид-19, изјави денеска официјален претставник на ЕУ.

Минатата недела, Moderna соопшти дека нејзината експериментална вакцина е 94,5% ефикасна во спречувањето на Ковид-19, заснована врз привремени податоци од клиничка студија во доцна фаза.

Во август, Комисијата, која преговара со производители на вакцини во име на земјите-членки на ЕУ, соопшти дека се склучени прелиминарни разговори со Moderna со цел потпишување договор за испорака на 80 милиони дози од својата вакцина, со можност за купување на уште 80 милиони.

Фото: Freepik