Европската комисија предлага да се забрани увозот на дијаманти и течен природен гас од Русија

42

Европската комисија (ЕК) предложи да се забрани увозот на дијаманти и течен природен гас (ЛНГ) од Русија и да се засили контролата на ограничувањата на руската цена на нафтата, објавија денеска дипломатите на ЕУ.

Овие мерки ќе бидат дел од новиот пакет санкции против Москва за кој 27-те земји од ЕУ ќе разговараат во петок, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, ЕУ сака да го забрани транзитот на стоки и технологија што може да ја поттикне воената моќ на Москва преку руска територија.