Европската комисија предложи воведување царини за увоз на житарки и маслодајни култури од Русија и Белорусија

Европската комисија (ЕК) денеска предложи воведување царини за увоз на жита и маслодајни култури од Русија и Белорусија.

Царините ќе изнесуваат 95 евра за тон за житарици и 50 отсто за маслодајни семиња, пренесува Ројтерс.

Овие мерки можат да стапат во сила откако ќе бидат одобрени од владите на земјите од Европската унија.

Трговците на почетокот на неделава рекоа дека рускиот и белорускиот извоз на жито и маслодајни семиња во Европската унија е скромен во споредба со извозот на Украина во ЕУ и дека наметнувањето царини е првенствено симболичен гест.

Сепак, Европската комисија нагласи дека постои ризик од зголемен увоз, бидејќи вкупниот извоз на руска пченица во ЕУ се зголеми од вообичаените 35 милиони тони на 50 милиони тони.

Ќе продолжи да се дозволува транзит на жита и маслодајни семиња преку Европската унија во други земји за да не се наруши глобалното снабдување, соопшти ЕК.