
Европската одбранбена индустрија забележа раст на вкупните приходи во 2024 година за 13,8 проценти на 183,4 милијарди евра, според извештајот објавен денес од Здружението на европски воздухопловни, безбедносни и одбранбени индустрии (ASD).
Зголемувањето се однесува на вкупната економска активност и продажбата на фирмите од одбранбениот сектор, објавува Блумберг.
Вработеноста во индустријата се зголеми за 8,6 проценти на 633.000 работни места, но секторот останува загрозен од проблеми со синџирот на снабдување, недостаток на критични суровини и електронски компоненти и високи цени на енергијата, се додава во извештајот.











