Европската побарувачка ја спаси продажбата на кубански пури

31

Кубанските пури очигледно се меѓу оние луксузни производи од кои потрошувачите делумно се откажаа поради поскапувањата и инфлацијата.
Имено, кубанскиот производител на пури Хабанос пријави скромно зголемување на приходите во 2022 година благодарение на европската побарувачка што го ублажи влијанието на пандемијата и последиците од уништувањето на ураганот Иан.

Хабанос објави дека неговите приходи се зголемиле за два отсто минатата година, на 545 милиони долари.

Скромниот раст го одразува континуираното влијание на пандемијата врз побарувачката и последиците од уништувањето на ураганот Иан минатиот септември во главниот производствен регион, на островот Пинар дел Рио.

Европа сè уште е главниот извор на побарувачка за кубански пури, со повеќе од половина од продажбата. Следува азиско-пацифичкиот регион со учество од 19 отсто, Америка со 15 отсто, а Африка и Блискиот исток со 12 отсто, додаде Лопез.

Во Европа, продажбата се зголеми главно во Шпанија, Франција и Германија. Во Азија, Кина исто така стана важен пазар, лидер во продажбата во тој регион.

Фото :cigaremperor.com